Ана Курбатова, новинарка на руската телевизија „Руски канал 1″, е грабната во Киев, пренесува агенцијата „ТАСС“. Деталите за киднапирањето се уште не се познати.
Агенцијата го пренесе соопштението на телевизијата во која работи Курбатова, а во кое стои дека таа е грабната денес и е одведена во непознат правец. На Курбатова, специјална дописничка од Киев, претходните денови и биле упатувани закани поради известувањата од воената парада во Киев на 26 август со која беше одбележана 25-годишнината од независноста на Украина.
Таа, како што пишува „Спутњик“, била обвинувана дека манипулирала со важни информации и дека учествувала во анти-украинска пропаганда.
Инцидентот се случи само еден ден откако Службата за безбедност на Украина протера двајца шпански новинари кои биле обвинети дека биле пристрасни кон Русија.
Киев повеќе пати ги има ограничено активностите на странските и домашните опозициски медиуми во Украина. Во 2015 година беше објавен список со 115 руски медиуми на кои би можеле да им бидат одбиени или привремено укинати акредитациите од страна на украинските власти. Тие медиуми беа ознаечени како закана за украинската државна безбедност, пренесува „Спутњик“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Цело време лажел: Ќерка на српски фолкер го растурила бракот на Раста и Ана?
-
Немој да се силиш, или ќе те иселиме од станот: Ана Севиќ добила брутални закани од лихвари!
-
Барал од адвокатите да му донесат документи за развод: Дарко и Ана се разведуваат во болница!
-
Швајни доби награда, но ѕвезда на вечерта беше неговата сопруга!