Во изминатото деноноќие во Скопје се случиле вкупно 15 сообраќајни незгоди, од кои во една загинало едно лице, а во седум се се полесно повредени осуммина. Во седум сообраќајки е причинета само материјална штета.
Велосипедист од Скопје им подлегна на повредите во Ургентен Центар при Комплекс Клиники Мајка Тереза, откако во 9:40 часот на улица 2 во населба Илинден, во близина на местото каде се спојува со ул.5 во Скопје, учествувал во сообраќајна незгода со ТМВ Мерцедес со Скопски регистерски таблици, управувано од жител на н.м. Цветово.
Сообраќајната полиција санкционирала 13 возачи за не почитување на ограничувањата на брзината на движење на возилата, двајца возачи се исклучени од сообраќај порди тоа што ги управувале своите возила под дејство на алкохол, а четворица возачи не ги почитувале светлосно сигналните уреди. Вкупно 22 возачи ги управувале своите возила без возачка дозвола односно нерегистрирани.
Полицијата откри и санкционира и 59 непрописно паркирани возила, четворица возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои за време на возењето на пат не го носеле заштитниот шлем на глава. Санкционирани се и 12 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин односно поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Едно лице потешко, три полесно повредени во пет сообраќајки во Скопје
-
Девет сообракајќи во Скопје, четворица полесно повредени
-
Четири лица тешко повредени во 14 сообраќајки вчера во Скопје
-
Минатата година 155 животи згаснале на сообраќајниците низ Македонија, најмногу сообраќајки за време на викендот