Нестабилно време, дожд и пониски температури ќе донесе деветиот месец од годината. Почеток на септември ќе донесе вистинска есен во главниот град.
Првата седмица од месецот ќе донесе нестабилно време со сончеви и облачни периоди и температура која ќе се движи околу 30 степени.
Во втората седмица од септември времето ќе биде нестабилно облачно и врнежливо и истото ќе донесе пониски температури.
Облачното и врнежливо време ќе заврши во третата седмица од месецот, таа седмица времето ќе биде сончево и стабилно. Крајот на септември ќе донесе температури кои ќе се движат околу 20 степени и нестабилно време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.