| четврток, 6 декември 2018 |

Полемика околу вакцините: Не мора да ги вакцинирате децата, само оние кои ги сакате

По зголемениот број на децата кои не ја примиле вакцината ММР во Србија се води полемика во која учестуваат бројни лекари и стручни лица, но и јавни личности и родители. Вниманието го привлече доктор Владимир Ѓуриќ од Белград со својот статус на социјалните мрежи. Тој ги критикува родителите кои одбиваат да ги вакцинираат децата.

– Не мора да ги вакцинирате сите свои деца. Вакцинирајте ги само оние кои сакате да ги задржите. Во моето семејство сите деца се вакцинирани. И сите идни ќе бидат. Вакцините не предизвикуваат болест. Вакцините предизвикуваат растење. Необучени лица имаат илузија на супериорност рангирајќи ја својата способност над просечноста, многу повеќе отколку што таа навистина е. Од друга страна, високообучените луѓе се склони да се потценуваат себе и своите вештини, патејќи од илузија на инериорност. На крај имаме ситуација во која помалку компетентни луѓе ја рангираат својата способност над компетентните – вели д-р Ѓуриќ, кој е доктор по медицина и специјализант по психијатрија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top