| четврток, 6 декември 2018 |

Изгубил контрола, па се превртел на кров: Детали за тешката сообраќајка на патот Велес – Скопје

Полицијата денеска соопшти детали за сообраќајната несреќа која вчера во 16 часот се случи на автопатот Велес-Скопје, на мостот кај с.Дурутовец, а во која Е.З. (31) од Ресен управувајќи „Рено-Флуенсе“ изгубил контрола над истото, излетал надвор од коловозот и возилото се превртело на кровот.

– По незгодата, возачот и тројцата сопатници со возило на Итната медицинска помош биле пренесени во Општата Болница во Велес- каде од страна на лекар кај возачот Е.З. и сопатникот А.А. (46), биле констатирани тешки повреди, додека кај сопатниците Ф.Г. (52) и Е.И. (38) биле констатирани телесни повреди и истите биле задржани за понатамошно лекување, информираат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top