Фудбалерот од средниот ред на Лајпциг, Наби Кеита се договори со Ливерпул, но трансферот ќе се реализира дури следното лето кога ќе биде активирана откупната клаузула од 55 милиони евра.
Ливерпул веќе му плати на Лајпциг одредена сума – аванс за 22-годишниот фудбалер кој се очекува да биде огромно засилување за следната година. Кеита официјално ќе биде играч на премиерлигашот на 1 јули 2018 година. Кеита веќе подолго време се поврзуваше со Ливерпул и веќе одамна беше познато дека тоа е една од најголемите желби на Јирген Клоп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.