Канадската полиција денеска соопшти дека запленила еден тон чист кокаин со потекло од Аргентина, чија вредност на црниот пазар достигнува 200 милиони американски долари. Во операцијата која доведе до одземање на најголема количина на дрога во историјата на оваа земја, се уапсени тројца луѓе во подрачјето на Торонто.
Илегалната пратка од Аргентина пристигнала со брод во пристаништето во Монтреал. Од таму требало да биде пренесена во провинцијата Онтарио од каде што се дистрибуира.
Дрогата била спакувана во празнини на бетонски блокови, кои што биле пренесувани во бродски контејнери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.