| четврток, 6 декември 2018 |

Во продолжениот викенд, 17 повредени во 28 сообраќајки во Скопје

Седумнаесет лица се полесно повредени во 14 од 28 регистрирани сообраќајни несреќи во изминатите четири дена на подрачјето на СВР Скопје. Сообраќајната полиција во петокот извршила увид на девет сообраќајни незгоди, од кои во шест со полесни повреди се здобиле шест лица.

Девет сообраќајки имало и во саботата, при што во четири полесно се повредени четири лица, а во останатите е причинета материјална штета. Од три евидентирани сообраќајки во неделата, во една со полесни повреди се здобило едно лице, а од седум сообраќајни незгоди вчера во три полесно се повредени шест лица.

Во текот на изминатите четири дена сообраќајната полиција открила поголем број прекршоци. Преземни се мерки за 208 возачи кои не ги почитувале ограничувањата на движење на возилата, 18 се исклучени од сообраќај, бидејќи возеле под дејство на алкохол, шест поминале на црвено светло на семафор, 14 не користеле сигурносен појас или користеле мобилен телефон, 52 без возачка дозвола односно нерегистрирани, а 79 се казнети за непрописно паркирани возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top