| четврток, 6 декември 2018 |

„Сандеј телеграф“: Терористите можат лесно да го нападнат британскиот Парламент

Доверлива истрага на британската полиција покажа дека терористи би можеле да се инфилтрираат во згадата на Парламентот на Велика Британија и да ги нападнат пратениците, пишува весникот „Сандеј телеграф“, повикувајќи се на тројца информирани извори.

Весникот наведува дека операцијата со имитирање на терористички напад е спроведена во ноќни часови, кога пратениците не биле присутни во зградата, со цел тие на не ги дознаат резултатите од експериментот.

Соработници на полицијата, кои ја играле улогата на терористи, стигнале до зградата со чамец и без потешкотии успеале да влезат во британскиот Долен дом.

Една од идните безбедносни мерки што била предложена за спречување на тоа сценарио, е да се постават бариери долж реката со цел да нема пристап до згадата.

Весникот забележува дека експериментот бил спроведен пет месеци по терористичкиот напад во лондонската област Вестминстер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top