| четврток, 6 декември 2018 |

Мајка и ќерка нападнале полицајци

Полицијата синоќа уапсила мајка и ќерка кои физички нападнале полициски службеници пред амбасадата на БиХ во Скопје.

Шеесет и петгодишната Љ.А. и нејзината 42-годишна ќерка К.А. (42) синоќа околу 21:30 часот најпрво вербално, а потоа и физички нападнале двајца полициски службеници кои им укажале дека го паркирале нивното возило „Мерцедес“ на забрането место.

Како што соопштија од МВР, мајката и ќерката искинале и делови од униформата на полицајците.

Напаѓачките се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Центар за натамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top