| четврток, 6 декември 2018 |

Принцот Џорџ тргнува на училиште

За две седмици и третиот по ред наследник на кралскиот трон во Велика Британија тргнува во училиште.

Запишан е во училиштето „Томас“, каде годишна школарина чини 20 илјади фунти. Наставата е со натпреварувачки карактер, а сите ученици треба да бидат дружељубиви, добри и љубезни, но и да поседуваат високо ниво на самодоверба. Некои родители ги запишуваат на список во ова училиште децата веднаш по раѓањето.

Задолжително е учењето на латинскиот јазик за учениците од петтата година. Училиштето дури има и сопствено одморалиште во Австрија каде се реализираат зимските екскурзии.

Со овој избор, Кејт и Вилијам ја прекршуваат традицијата според која машките наследници учат во училишта за момчиња, како што било со Вилијам и Хари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top