| четврток, 6 декември 2018 |

Билјана Беличанец – Алексиќ нема да се кандидира повторно за градоначачник на Кисела Вода

Билјана Беличанец-Алексиќ во изјава за „ТВ Нова“ цели дека нема повторно да се кандидира за градоначалник на скопската општина Кисела Вода, но дава силна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ.

-Ми недостасува актерството, така што не планирам да се кандидирам за втор мандат. Овие четири години се едно големо, големо животно искуство за еден човек како мене. Изразувам голема благодарност до ВМРО-ДПМНЕ и пред се лидерот на партијата Никола Груевски за тоа што ми беше укажана оваа можност и убедена сум дека партиските структури и партиската организација ВМРО-ДПМНЕ ќе ја исфрли соодветната личност на претстојните локални избори во која во која граѓаните и жителите ќе се препознаат. Со оглед на праката „Ветуваме-остваруваме“ знам дека било која личност и да биде кандидирана сигурна сум дека ќе биде одговорна и доследна на мотото под кое работевме. Ако нешто ветиш, должен си да го реализираш. Граѓаните на наредните избори нека внимаваат што ќе им биде ветувано – истакна таа.

Таа вели дека програмата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде реална и остварлива, каква што беше и нејзината.

Беличанец-Алексиќ по завршување на мандатот ќе се посвети на семејството и на професијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top