| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена црквата во Сопиште

crkva

Црквата „Света Мина“ во Сопиште е ограбена ноќта меѓу 9-10 месецов. Непознатиот крадец во период од 12 до 7.30 часот наредниот ден, насилно влегол во црквата и по извршеното пребарување одзел 1.000 денари.

Потоа крадецот се упатил кон старата крстилница од каде што украл радиокасетофон и еден плински уред со боца. Оттаму отишол во новата крстилница од каде што зел метални шипки.

Полицијата извршила увид и презема мерки на пронаоѓање на крадецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top