Фудбалерот на Рома, Раџа Наинголан се повлече од националниот тим на Белгија, откако селекторот Роберто Мартинез не го повика за претстојните репрезентативни обврски.
Врската помеѓу Наинголан и Мартинез е „разнишана“ уште од минатиот квалификациски циклус за СП во Русија. Наводно, Роберто Мартинез му замерил на фудбалерот на Рома бидејќи закаснил на колективниот собир пред мечот со Естонија.
За работите да одат само на полошо, Мартинез еден час пред да го објави списокот за следните натпревари, преку телефонски повик му кажал на Наинаголан дека нема да смета на него бидејќи не бил доволно концентриран на натпреварите одиграни во јуни месец.
-На собирот закаснив 37 секунди, го чекав лифтот. Но, тоа е само негов изговор, секогаш има нешто повеќе. Експлодирав по телефонскиот повик, му кажав се што треба и не треба. Тој на моето место ги повика Тилеманс кој не игра за Монако и Витсел кој игра во кинеската лига. Човекот не знае што сака. Тврди дека репрезентативците треба да играат за појаки клубови, во појаки лиги, а потоа се одлучува за нив двајца. Толку од репрезентацијата, од сега па натаму се концентрирам само на Рома, истакна Наинголан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.