| четврток, 6 декември 2018 |

Сега му е братучетка, а му беше девојка: Доктор Младен фатален заводник

Симпатичната Ката и доктор Младен од хрватската сапуника „Златни двори“, иако сега играат братучеди, во минатото, во реалнсота биле во врска. Заедничката работа на сапуници ги зближила Петра Дуганџиќ (41) и младиот заводник Иван Херцег (35). Откако раскинале, останале пријатели.
– Ми беше фатален, како што верувам дека ѝ беше на секоја девојка, Сега кога сме пријатели и колеги, го гледам со други очи, но ги разбирам девојките кои не можат да му одолеат, открива Петра.
Херцег е познат како фатален заводник, кој неодамна ја прекина врската со колешката Ана Мајхениќ (35), која во серијата му е поранешна сопруга.

Тој напаѓа на колеѓки, а освен Петра и Ана, негови жртви се и актерките Зринка Цвитешиќ (38), Нивес Чановиќ (35) и Татјана Јуриќ (35). Бил во врска со костимографката и декоратерка на сет Анита Дујиќ (33), а по ходниците се љубел и со Жанмари Перчиќ (35) и Јелена Перчин (36). За раскинувањето со Татјана Јуриќ виновни се ноќните дружења со Еција Ивушиќ (30).
Петра е во брак со дизајнерот на ентериер Саша Вранковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top