| четврток, 6 декември 2018 |

Боки 13 се сети на болното дете, но за да се изрекламира: Граѓани собраа пари за лекување, тој се кити со перјата

Хумани граѓани вчера собраа доволно пари за малиот Игор Геленчев да замине на лекување во Турција, но Бојан Јовановски, шоуменот Боки 13, претседател на фантомската организација Меѓународен сојуз, се обиде да ја злоупотреби тешката ситуација на семејството Геленчеви за лична промоција. На лажните перја на Боки 13 реагираше мајката на Игор.

Откако беа собрани 15.000 евра за детето да замине на лекување во Турција, Боки 13, човек близок до Зоран Заев и Мила Царовска, се обиде да собере поени и пред јавноста да претстави дека не граѓаните, туку тој лично е заслужен за ова.

Игор беше преплашен, а мајка му плачеше над него

Никој не остана рамнодушен кога во јавноста излезе апелот за донации за Игор.

„Македонијо, во моментов имаме дете кое седи дома преплашено од судбината што го снајде. Имаме една мајка која бдее над него и плаче“.

Хумани граѓани донираа на објавените сметки и преку телефоните за донации, а по завршувањето на акцијата, беше објавена информација дека парите за операција се собрани.

ЛГБТ активистот Боки 13: Сакам да посвојам 3 деца, ќе поднесам барање до мојата пријателка од СДСМ, министерката Царовска

 

Децата не се брендирани чанти за задоволување на искомплексираниот гламур

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top