Во пожарот кој избувна попладнево во близина на локалитетот Мактеон крај Кочани гори трева и нискостеблеста шума. Пожарот се шири и на околните ридови и во правец на напуштеното населено место Припор.
Пожарот први го забележале случајни минувачи кои веднаш пријавиле во Кочанската противпожарна единица. Според очевидци, пожарот е настанат поради човечко невнимание.
Набрзо по избувнувањето на пожарот интервенирала и Противпожарната единица на општина Кочани, која со две возила почнала со гаснење. Гаснењето се одвива отежнато поради непристапноста на теренот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.