| четврток, 6 декември 2018 |

„Златна петорка“ на фестивал во Варна

Долгометражниот македонски игран филм „Златна петорка“ во режија на Горан Тренчовски ќе биде прикажан на јубилејниот 25. Интернационален филмски фестивал „Љубовта е лудост“ во Варна, Бугарија.

„Златна петорка“ ќе биде прикажан во програмата за дебитантски филмови. Проекцијата ќе се одржи во киносалата „Европа“ на големиот конгресен и фестивалски центар на 28 август, в понеделник.

Филмот е селектиран на уште неколку интернационални фестивали кои ќе се одржат во септември. По гала-премиерата на „Браќа Манаки“ во Битола, каде беше прикажан вон конкуренција, филмот за релативно краток период освои пет меѓународни награди, што е редок успех за македонската кинематографија.

„Златна петорка“ е во продукција на „Револушн“ од Скопје и е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top