| четврток, 6 декември 2018 |

За 13 дена владата на СДСМ потрошила 20,5 милиони евра за патни трошоци, привремени вработувања, трансфери до невладини организации…

Владата предводена од СДСМ за 13 дена од распишувањето на локалните избори во земјава, потрошила 20,5 милиони евра или 1.26 милијадри денари, за стоки и услуги како патни и дневни расходи, материјали и ситен инвентар, договорни услуги, привремени вработувања, трансфери до невладини организации, опрема и машини, пишува „Нетпрес“.

На официјалниот сајт на Министерството за финансии е објавено детално, по денови, на што се трошени парите на граѓаните.

На 23 август, меѓу другото, Владата за трансфер на невладини организации потрошила 4,7 милиони денари. Народнитe пари се тршени и за мебел, опрема и машини, дотации, а за ставката привремени вработувања се дадени околу 240.000. Ден претходно, за материјали и ситен инвентар, ставка по која очигледно се плаќани многу народни пари, од 7 до 22 август, префрлени се 1,8 милиони денари, а за други разни трансфери 12 милиони денари.

На 21 месецов, за патни и дневни расходи, Владата потрошила 1,2 милиони денари, а повторно за „ситен“ инвентар 2,1 милион денари. Тој ден е купено и возило за 2 милиони денари (над 30.000 евра), а  потрошени се и пари за мебел и машини.

На 18 август , за материјали и ситен инвентар потрошени се 39 милиони денари, за договорни услуги 210 милиони денари, и за разни трансфери 290 милиони денари на граѓаните. Има субвенции за претпријатија и невладини во износ од околу 76 милиони денари. Ден претходно, повторно за „ситен материјал“, поторшени биле околу  2,1 милион денари. На 16 август, нови 16 милиони денари, и тоа пак за ситен инвентар, како и  опрема и машинии за 4,8 милиони денари.

На 15 месецов, ситниот инвентар одлеал 1,5 милиони, разни трансфери 12 милиони денари, машини и опрема околу 1,7 милиони денари, но и субвенции за претпријатија и невладини околу 2,5 милиони денари.

На 14 август, нови  5,6 милиони денари за ситен инвентар, трансфери до невладини 150.000 денарри и други трансфери околу 7 милиони денари.

На 11 август за патни расходи се потрошени околу милион  денари, и секако за ситен инвентар 1,5 . Повтрони има за привремени вработувања, сега околу 118.000 денари.  Претходниот ден за ситен инвентар околу 4 милиони денари , за привремени вработувања 450.000 денари , трансфери до невладини 500.000 денари  и други трансфери 15 милиони денари.

На 9 август, за материјали и ситен инвентар дадени се околу 22 милиони денари.  26.ооо денаи одат за привремени вработувања, а за градежни објекти 116 милиони денари.

На 8  август за патни трошоци  се дадени  9,7 милиони  денари. Ситниот инвентар кој веројатно не е толку ситен, однел  6,4 милиони денари, а привремените вработувања 390.000. Има пвторни трансфери до невладини 6,7 милиони денари.

На 7 август, ставката ситен инвентар повторно е активна со 33 милиони денари, привремени вработувања 696.000 денари, а  освен трансфер за невладини од  900.000 денари  има и субвенции за претпријатија и невладини 11,2 милиони денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top