Краткиот игран филм „48“ на режисерот Владимир Митревски во продукција на Дрим Фектори, кој летово ја имаше својата премиера пред скопската публика, ќе биде прикажан на специјализираниот фестивал за кратки филмови „Nida short film festival“ во Литванија.
Потоа следат фестивалите „Beast international film festival” во Порто, „Gozo IFF” во Малта, „Gоа international short FF” во Гоа, Индија, по што премиерно ќе биде прикажан пред битолската публика на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.
Филмот „48” е приказна за млад свештеник кој својот живот го има посветено на црквата давајќи завет за целибат. Неговиот концепт за живот комплетно се менува откако на 48 часа пред крајот на светот, тој решава да му подлегне на искушението кое дотогаш го дефинирало како личност – сексот.
Главната улога во филмот ја толкува Димитрија Доксевски, заедно со Горан Стојановски и Сара Климоска.
Филмот се снимаше минатата година во Скопје, а авторска екипа ја сочинуваат: Наум Доксевски, директор на фотографија, Владимир Зафирковски, сценограф, Раде Василев, костимограф, Филип Грчевски, монтажер, Игор Поповски, дизајнер на звукот и Огнен Антов, продуцент на филмот.
Филмот финансиски е помогнат од Агенцијата за филм на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура