Барселона минува низ тежок период во кој се чини дека трансферот на Нејмар во ПСЖ и тоа како ги изненади и им ги помести плановите за иднината. Во моментов тие се трудат да најдат достајна замена за младиот Бразилец, а најблиску до потпис со „каталонците“ е Осман Дембеле.
Последното засилување на Барса е Бразилецот Паулињо, кој на изненадување на многумина стигна во клубот за 40 милиони евра. Тој беше мета на мнгоу критики, а главниот аргумент на противниците на овој трансфер беше дека на Барса не и треба ваков тип на играч, туку некој далеку покреативен.
Сепак, поранешниот играч на Тотенхем деновиве изјави дека ќе даде се од себе за да докаже дека нема да биде промашување на „каталонците“.
– Новите соиграчи многу добро ме прифатија и се чувствувам многу среќно во Барселона. Пристигнав тука да играм и да се изборам за место во стартниот тим. Исто така, ќе дадам се од себе за да ги замолчам критичарите кои што тврдат дека јас сум промашување за овој клуб, изјави Паулињо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.