| четврток, 6 декември 2018 |

Персоналот на српската амбасада утре се враќа во Скопје

Персоналот на српската амбасада утре ќе се врати во Скопје, информирал првиот заменик-премиер и министер за надворешни работи на Република Србија Ивица Дачиќ во разговор со македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров.

Во соопштението наведуваат дека е договорена и средба меѓу Димитров и Дачиќ в петок во Ниш.

„Согласно договореното меѓу премиерот на Република Македонија, Зоран Заев и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, а со цел зацврстување на традиционално пријателските односи, министрите за надворешни работи се договорија да се сретнат во петок во Ниш, Република Србија“, наведуваат во соопштението од МНР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top