Српскиот филм „Реквием за госпоѓа Ј.“ на режисерот Бојан Вулетиќ влезе во најтесниот избор во трката за Европска филмска награда. Филмот е ко-продукција помеѓу „СЕЕ Филм Про“ Србија, „Геополи Филм“ Бугарија и „Скопје Филм Студио“ Македонија.
Членовите на Европската филмска академија во наредните два месеца ќе ги одредат номинациите за најдобар филм и во другите категории, режија, сценарио и глума.
Номинациите ќе бидат соопштени на 4 ноември, а добитникот на 30. Европска филмска награда ќе биде познат на 9 декември на церемонијата во Берлин.
Главната улога во филмот „Реквием за госпоѓа Ј.“ ја толкува Мирјана Карановиќ, а продуцент е Ненад Дукиќ.
Светска премиера имаше на овогодишниот Филмски фестивал во Берлин, а потоа беше прикажан на уште 25 меѓународни фестивали, меѓу кои и на Скопскиот филмски фестивал.
До крајот на 2017 година филмот ќе биде прикажан на уште 17 фестивали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.