Лавина рекации предизивика фотографија од постара жена со инфузија која продава на тезга на сплитксиот пазар. Загрижени луѓе дале сѐ од себе за да ја најдат жената и ја нашле, но не успеале ида ја премислат да ја напушти тезгата и на тропските горештини да одмори.
– Многу добра женичка, не сака некој друг да ѝ работи на тезгата, сѐ си работи сама, таа си прозиведува и си продава. Жената има 80 години, но не планира да ја напушти тезгата, вели една продавачка и објаснува дека жената примала инфузија поради жештините, а на тоа ја наговорила ќерката.
– Ќерка ѝ е докторка, таа дојде и ѝ вклучи инфузија, изгледа ѝ се слошило од топлото, овде има и преку 40 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.