Врз градоначалниците на Прилеп и Кавадарци е извршена политичка хајка од страна на СДСМ, обвини денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
-Живееме во период кога нашите политички опоненти од СДСМ не можат со нас да се натпреваруваат со работа и резултати. Тие не можат да работат на начин како нас, таа нивна неспособност и неработење се обидуваат да ја покријат со оцрнување на противникот. Сега вршат притисок врз судството и обвинителите обидувајќи се на што повеќе наши функционери да им подметнат кривични пријави. Тоа го прават со цел кај народот да се внесе сомнеж дека градоначалниците работеле незаконски и на тој начин СДСМ да победат на локалните избори, истакна Груевски.
Градоначалникот на Кавадарци беше осуден без никакви докази и по исказот на сведок кој постојано ги менуваше изјавите. Градоначалникот на Прилеп пак неосновано беше парично казнет по префарбување на општинската зграда од како истата беше нападната од Шарената револуција.
Одговарајќи на новинарско прашање Груевски истакна дека ќе победи на престојните локални избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски