И покрај тоа што до крајот на летниот преоден рок има уште 9 дена, медиумите во Шпанија јавуваат дека Барселона веќе се откажала од обидите ова лето да го доведе Фелипе Кутињо во своите редови. Бразилецот од тимот на Ливерпул беше споменуван како најголема желба на „каталонците“ за замена на Нејмар, но според тврдењата на повеќе реномирани спортски весници, Барселона нема да испрати повеќе ниту една понуда за Кутињо, по последната од 113 милиони фунти која им беше одбиена.
Клоп не сакаше по никоја цена да го продаде Бразилецот кој во комбинација со Фирмињо, Мане и Салах во нападот на „црвените“ треба да биде еден од неговите најопасни играчи во нападот во новата сезона. Ливерпул е само на чекор и до Лигата на шампионите каде во плеј-офот, по првиот дуел во Германија против Хофенхајм имаат предност од 2-1.
За разлика од Кутињо кој во текот на целата сага околу неговиот наводен трансфер во Барса молчеше, втората трансфер желба на „каталонците“, Осман Дембеле е се поблиску до Барселона, откако јавно влезе во конфликт со челниците на Дортмунд и одбива да се појави на тренинзите. Уште едно име кое се поврзува со шпанскиот гигант е Анхел Ди Мариа од ПСЖ, а веќе подолго време како можно засилување на Барса се споменува Жан Михаел Сери од Ница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.