| четврток, 6 декември 2018 |

Првата љубов не се заборава: Адријана и Марко, повторно заедно!

Поранешната српска снаа Адријана Лима, често е на мета на медиумите, откако се разведе од Марко. Сега е во врска со турскиот писател Метин Хара, но таа сепак бира секој слободен момент да го помине со Јариќ.

Светскиот топ модел сподели фотографија на која е во друштво со спортистите кои освоија првенство.

Тоа можеби и не би било чудно, ако непосредно пред тоа и самиот Јариќ не објави фотографија на која тој е со својата ќерка во Саутемптон. Клубот со чии членови се фотографирала Адријана всушност е од тој град, што потврдува дека двајцата биле со децата во исто време, на тоа место.

Новите љубови се тука, но врската меѓу Лима и Јариќ е нераскинлива, пред се поради нивните две деца.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top