Хаотично известување на институциите на системот во врска со синоќешната сообраќајна трагедија во која едно лице го загуби животот, а 26 лица се повредени, кога автобус излета од патот кај Велес, пишува порталот „Денешен“.
„Либертас“ пренесе дека според информации од МВР автобусот кој излетал од патот би со грчки регистерски таблици, за после да ја преиначи информацијата и да соопшти дека сепак се работи за автобус регистриран во Македонија.
Слично беше и во Министерството за здравство на Арбен Таравари. Тој за Фокус потврдил дека на 9-годишно повредено дете му е ампутирана раката, со што внесе вознемиреност во јавноста која беше веќе сензибилизирана и во жал за загубениот живот во трагичната несреќа.
Денес во изјава Таравари објасни дека за среќа на детето не му е ампутирана раката, туку му е поставен фиксатор.
Читатели до нашата редакција испратија и слики и линк до објавата на фан-страницата на Министерството за здравство во која стои текст со кој се најавува дека „секоја секунда ќе е посветена на побрзо закрепнување на пациентите“, а е испратена од – Амстердам, Холандија.
Сигурни сме во посветеноста и силниот ангажман на докторите на клиниките во Скопје кои се бореа за секој пациент и ги третираа со максимално внимание, но не ни е јасно како во Амстердам се посветува секоја секунда на здравјето на повредените во тешката сообраќајна незгода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.