Неодамна многумина се загрижија од сознанието дека гумите за џвакање без шеќер содржат аспартам, супстанца што некои ја нарекуваат „благ отров“ што се прави од пластика.
Првата гума за џвакање е патентирана во САД, во далечната 1869-та година, а денес ретко кој може да замисли да го помине денот без познатите мастики. Тие се постојано присутни кај сите генерации, како за младите така и за повозрасните.
Гумите за џвакање се произведуваат на база на гума, засладувачи, материи за омекнување и за згуснување, ароми, средства за боење и конзерванси. Поливинил ацетат е една од состојките на гумите за џвакање, а се користи и за изработка на лепак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.