| четврток, 6 декември 2018 |

Ѕидот со милион гуми за џвакање оди во историјата

Граѓаните на Сиетл почнаа да се збогуваат од неофицијалната градска знаменитост- ѕидот на кој се залепени повеќе од милион гуми за џвакање.

5000889337

Комунални работници со машини на пареа веќе почнаа да го мијат ѕидот со цел да го отстранат девет сантиметри дебелиот слој од околу еден милион гуми за џвакање.

Луѓето почнаа да ги лепат на ѕидот гумите за џвакање уште пред 20 години, додека чекале ред за да купат влезници за во театар. Со текот на годините тој обичај прераснал во своевиден уметнички проект.

Градските власти соопштија дека гумите за џвакање мора да се одстранат за да се заштити ѕидот под нив. Се очекува чистењето да трае три дена, но многумина претпоставуваат дека за брзо време на ѕидот ќе се најдат нови гуми за џвакање.

Туристичкиот интернет портал „Трип Адвајзор“ го стави ѕидот во Сиетл на второ место на туристички атракции со најголем број на бактерии, по камениот блок во тврдината Блерни во Ирска, кој посетителите го бакнуваат за среќа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top