Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски од идната сезона ќе игра за Б тимот на Барселона.
Откако менаџерите на каталонскиот гигант направија надзор на третата по квалитет категорија играчи, Давид Бабунски ќе добие шанса да игра во силната втора Шпанска лига и со своите нецели 20 години да дојде на чекор до првиот тим.
Сличен правец на развој имаат и сегашните најголеми ѕвезди на тимот, Меси, Чави, Иниеста, Бускетс и уште многу други, кои најпрво беа дел од Б тимот, а од таму дојдоа во сениорскиот состав.
Давид Бабунски е син на Бобан Бабунски, селекторот на македонската репрезентација до 21 година. Покрај него, во Б тимот се избрани и неколку негови соиграчи, како Бањак, Сампер, Калвет, Рамирез, Коста и Гафарот.
Покрај Давид, во Шпанија игра и помладиот Доријан, кој е член на најлутиот противник на Барселона, Реал од Мадрид. Таткото Бобан, покрај во Вардар и Гамба Осака, играше за Леида и во Логроњес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.