| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца мртви, двајца тешко повредени: Детали за трагедијата која утрово ја потресе Македонија

Две лица загинаа, а две се потешко повредени е билансот од сообраќјната несреќа што се случи на излезот од штипското село Лакавица на магистралниот пат Штип-Радовиш. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова по извршениот увид рече дека утринава околу 6 часот и 40 автомобил марка „Фолксваген Шаран“ од засега неразјаснети причини излетал од коловозот. Возилото го управувал 41-годишен возач, кој превезувал уште тројца патници.

– На самото место на незгодата, животот го загубиле двајцата сопатници во возилото, на возраст од 55 и 50 години и двајцата од село Радибуш, Кривопаланечко, вели Панајотова.

Телата на починатите се предадени на обдукција. Возачот на автомобилот се здобил со телесни повреди, а третиот сопатник со тешки повреди е пренесен во штипската клиничка болница, но  поради сериозноста на повредите, лекарите го упатиле на понатамошно лекување во скопскиот Клинички центар.  Жителите на штипското село Лакавица низ кој поминува и магистралниот пат Штип-Радовиш  велат дека на оваа делница се вози пребрзо во однос на тоа што го дозволуваат условите на патот и сообраќајната сигнализација.

– Овде на знакот пишува да се вози 50 км/ч, а се вози 150. Потребни се почести контроли, но контролите да бидат најповеќе на кривините како предупредување за возачите рече Владо Петров жител на село Лакавица, додаде жител на село Лакавица.

Свиокот  на излезот од селото Лакавица е позната „црна точка“ на патот Штип-Радовиш. Според статистиката на СВР-Штип за неполни осум месеци на патиштата во источна Македонија загинаа 18 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top