Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, е задоволен од нивната работа и посочува дека градоначалниците исполниле најголем дел од ветувањата дадени пред граѓаните. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ изминатиов период имаат реализирано 10.359 проекти.
Тој вели дека се направени крупни инвестиции, меѓу кои ги издвои реконструкцијата на 2.000 улици во вкупна должина од 1700 километри.
Додаде дека е изградена 700 километри водоводна и канализациона мрежа.
-Овие проекти се резултат на многу посветена работа на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, за да го остварат она што го ветиле на граѓаните. Граѓаните тоа ќе го поздрават на 15 октомври, подвлече Груевски кој денеска е во посета на општина Илинден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски