| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една фатална несреќа на македонските патиштa: Во сообраќајка кај Штип утрово загинаа две лица

Две лица утрово загинаа на магистралниот пат Штип-Радовиш, на излезот од штипското село Лакавица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, информира дека автомобилот „Фолксваген Шаран“ утринава околу 6 часот и 40 минути излетал од коловозот. Според првичните информации од увидот на лице место загинале двајца сопатници, а додека возачот и четвртиот сопатник со повреди се хоспитализирани во штипската Клиничка болница.

Истражните органи вршат увид на лице место, по што ќе се утврдат причините за несреќата. Излезот од штипското село Лакавица е позната црна точка на магистралниот пат Штип- Радовиш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top