По доаѓањето на Нејмар во ПСЖ и првите неколку меча во новата сезона, станува се појасно дека младиот и талентиран германски интеренационалец, Џулијан Дракслер ќе мора да си пронајде нов клуб, па неговиот менаџер веќе го понудил својот клиент на Барселона, пишува Ел Мндо Депортиво.
Минатата сезона ПСЖ плати 38 милиони евра за германскиот репрезентативец и при евентуална продажба, тие веројатно ќе сакаат да земат повеќе пари.
Сепак, Барселона има богат избор, откако Шпанците се фаворити за потписот на Филипе Кутињо од Ливерпул и Осман Дембеле од Борусија Дортмунд. Евентуален неуспех во доведувањето на овие играчи ќе го направи Дракслер поинтересен за Барса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.