| четврток, 6 декември 2018 |

Лукас си ја отвори душата за поранешната жена: Се уште ја сакам Соња, ама нема да се смириме

Српскиот пејач Аца Лукас периодов е во центарот на вниманието поради разводот со неговата поранешна Соња, но и аферата со Ана Севиќ, па конечно реши да излезе со свое објаснување за ситуацијата во која се наоѓа. Тој во интервју за српски Блиц признал дека се уште ја сака Соња и ги демантирал пишувањата за наводното неверство.

– Со Соња нема да се смириме, тоа е конечна одлука. Ја сакам уште и секогаш ќе ја сакам, но не можеме веќе да функционираме заедно. Патам и ми е тешко, но таков е животот. Со Ана не сум имал никогаш ништо и остро ги демантирам сите пишувања дека сме имале афера, рекол Лукас и додал дека искрено жали што со Соња не успеале да најдат заеднички јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top