| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски:Ветувањата кои им ги дадовме на жителите од Жировница се исполнети

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски денеска ја посети Жировница. Се сретна со жителите на ова место, ги слушна нивните проблеми.Тој на својот Фејсбук профил посочи дека ветувањата кои ги дала неговата партија додека била на власт се исполнети, но дека за решавање на проблемите понатаму треба да се заангажира и актуелната власт.

-Ја посетив Жировница.
Пријатен разговор со срдечни и домаќини луѓе. При последната моја посета им ветив, сега веќе се остварени и се користат: Новиот реконструиран пат до населеното место. Изворно ме информираа дека по мојата посета се надминал проблемот со користење на здравствените услуги за луѓето кои доаѓаат во овој крај претежно во летниот период и се на печалба, како и проблемот со издавање на пасоши, иако посочија дека во последниот период наидуваат на опструкции и потешкотии кои мора да се надминат и актуелната влада мора да се ангажира- напиша на ФБ, Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top