Десетина лица се во болница откако, како што изјавиле се затруле со храна од познатата скопска сендвичарница Седмица” лоцирана во Карпош, информираат од министарстовто за здравство.
– До завршување на вонредниот надзор бројката на лица со стомачни тегоби, проливи, гадење, повраќање и висока температура 39-40 степени изнесува; девет лица згрижени на ЈЗУ УК за инфективни болести и фебрилни состојби од кои пет хоспитализирани и четири амбулантски лекувани, а на инфективното одделение во ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември” во моментот во дневна болница беа згрижени уште тројца пациенти – велат од Министерството за здравство.
Извршена е вонредна контрола и земени се брисеви од вработените и работните средини како и мостри храна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.