| четврток, 6 декември 2018 |

Објавени првите фотографии од новиот терористички напад

Објавени се првите фотографии од новиот терористичи напад во финсиот град Турку. Според тврдењата на очевидци напаѓачот извикувал „Алах Акбар“. Полицијата соопшти дека на напаѓачот му пукала во нога, па го уапсила.

Според локалните медиуми, во нападот има најмалку шест жртви, меѓу кои и жена која туркала бебешка количка. Напаѓачот сеел крв со голем нож.

Финските медиуми претпоставуваат дека се работи за терористички напад. Медиумите пренесуваат изјави од очевидци кои виделе барем едно безживотно тело, како и уште неколку луѓе кои со повреди лежеле во центарот на Турку во кој живеат најмалку 200.000 лица.

Неофицијално, можно е да има повеќе напаѓачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top