| четврток, 6 декември 2018 |

Штети од речиси еден милион евра предизвикале земјотресите во Охридско

Вкупните штети од серијата земјотреси што ова лето го погодија Охридскиот регион изнесуваат 58 милиони денари, соопшти денеска Општинската комисија за проценка на штети.

-До општинската комисија поднесени се 854 барања за проценка на штети, 802 за  индивидуални објекти и 52 за деловни објекти. Штетата кај индивидуалните објекти изнесува 48 милиони денари, а кај деловните 9 милиони денари- изјави Раде Велјаноски, претседател на Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди.

Извештајот на Оштинската комисија  денеска го разгледува советот на Охрид, по што истиот ќе биде испратен до соодветната владина комисија, која во рок од 6 месеци треба да се произнесе по него, по што ќе следи исплата на штетите.

– Штетите од земјотресот во Охрид се од прва, втора и трета категорија и така ќе оди исплаќањето. Прва категорија се објекти со оштетувања, но во кои може да се живее, втора категорија се објекти кои претпрпеле поголеми штети, а трета категорија се објекти каде нема услови за живеење. Такви објекти има вкупно 11 во Косел, дел во стариот град и на улиците „8-ми Септември“ и „Јане Сандански“. За дел од нив извршена е проценка од страна на Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија – ИЗИС, а дел ќе бидак предмет на контрола која ќе се изврши идната недела – појасни Велјаноски.

Од јавните објекти за еден објект на градинката има препорака да се стави вон употреба до негово соодветно санирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top