| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца терористи се разнесоа во Турција

Двајца терористи од екстремистичката и забранетата организација „Маоистичка комунистичка партија“ се разнесоа во турскиот округ Тунџели одбивајќи да ѝ се предадат на полицијата, пишува денеска весникот „Милиет“.

Весникот нагласува дека полиција опкружила куќа во селото Енидогду, во која се наоѓале борци, и им наредила да се предадат.

Екстремистите одбиле да го сторат тоа, се затвориле во бањата и активирале рачна граната.

За време на претресот биле пронајдени автоматска пушка и муниција, три гранати и рачно изработена експлозивна направа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top