| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните на Барселона на пладне ќе им одадат почит на жртвите од синоќешниот напад

Граѓаните на Барселона на пладне ќе им оддадат почит на жртвите од нападот со комби, во кој синоќа, во центарот на градот, беа убиени 13, а повредени 100 лица, објави градоначалникот Ада Колау.

Полицијата овој напад го третира како терористички чин.

Одговорноста ја презеде вооружената група Исламска држава.

Каталонскиот претседател Карлес Пучдемон изјави дека се уапсени две лица, но кажа дека засега не е познато колку луѓе учествувале во нападот.

Полицијата идентификува еден од напаѓачите и соопшти дека станува збор за Дриш Оукабир.

Шпанските меидуми, меѓутоа, наведуваат дека Оукабир, откако била објавена неговата фотографија, и се предал на полицијата и дека изјавил дека документите му биле украдени и дека нема никаква врска со нападот.

Документите наводно биле пронајдени во едно од двете комби возила што се доведуваат во врска со нападот во Барселона.

Каталонската полиција, доцна синоќа, соопшти дека ниту еден од уапсените не го возел комбито користено во нападот.

Еден од уапсените е Мароканец, а вториот е Шпанец кој дошол од шпанската енклава Мелила, рече полицискиот претставник Јосеп Луис Траперо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top