До 20 и 30 часот немаме информации за повредени македонски граѓани во нападот во Барселона – соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Република Македонија.
Земајќи ја во предвид сериозноста на ситуацијата, во моментов е отежната комуникацијата со релевантните институции, но македонската амбасада во Шпанија прави напори да добива редовни и прецизни информации за настанот и можноста за евентуални повредени македонски граѓани.
Од Министерството информираат дека ова се важни телефони кои можат да им бидат од корист на граѓаните:
00 34 620 126 308 – број на претставник на македонска амбасада во Шпанија
00 34 932 142 124 – број од шпанските институции за информации за засегнати роднини / пријатели
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.