Едно лице е тешко повредено по тепачка која вчера попладне се случила во ресторан на ул. „Босна и Херцеговина“ во скопски Бутел.
Од полицијата информираат во ресторанот настанала тепачка помеѓу шест непознати лица.
-Во тепачката едно од лицата со стаклен пепелник го удрило лицето Н.Н. (22) од Скопје во пределот на десното око. Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, од каде бил препратен во Клинички центар „Мајка Тереза“. Од страна на лекар му биле констатирани тешки повреди и бил задржан на понатамошно лекување- информираат од полицијата.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.