| четврток, 6 декември 2018 |

Лиса преживеала цел месец изгубена во шума – кога ја нашле имала 22 килограми помалку

Американката Лиса Терис (25) од Лиузвил, Кентаки, преживеала скоро еден месец изгубена во шума во сојузната држава Алабама. Како што самата раскажала, се нашла во длабоки шумски предели, без пари, ташна и телефон бидејќи панично бегала од двајца мажи кои ја ограбиле.

– Вели дека пиела вода од еден поток и дека јадела пелурки и некои диви плодови. Среќа што не се отрула. Кога е пронајдена имала цели 22 килограми помалку од днот кога се изгубила. Исто така целите нозе, но и по целото тело има лузни и убоди од инсекти, изјавил шерифот Рејмонд Роџерс.

Нејзиното семејсто изјавило дека се пресреќни што Лиза е жива и дека никогаш не изгубиле надеж дека ќе ја пронајдат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top