Министерството за финансии денеска на аукција издаде државни хартии од вредност во износ од 2,701 милијарди денари (43,93 милиони евра).
– Станува збор за 12-месечни државни записи во износ од 1,741 милиони денари со камата од 1,85 проценти, петгодишни државни обврзници во износ од 80 милиони денари со камата од 2,50 проценти и 15-годишни државни обврзници во износ од 880,50 милиони денари со камата од 3,80 проценти- соопшти Министерството за финансии.
Најавува дека утре, по основ на претходно издадени државни хартии од вредност, ќе отплати 2,001 милијарди денари (32,55 милиони евра).
-Разликата од 700,01 милиони денари (11,38 милиони евра) ќе биде искористена за активности предвидени во Буџетот на Република Македонија- се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.