| четврток, 6 декември 2018 |

Топло, ладно – УХМР со најнова прогноза

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека следува период на стабилно и сè потопло време.

Дневната температура до сабота ќе биде во постепен пораст, но ќе се задржи во рамките на просек за овој период од годината.

-Најтопло ќе биде в сабота со максимална температура до 38 степени на југоистокот од земјава. Утре и во четврток во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, претежно на северот. Врнежи со намалување на температурата се очекуваат на крајот од викендот – информираат од УХМР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top