| четврток, 6 декември 2018 |

Полагањето на државната матура е во тек

Оваа учебна година за државната матура во августовски испитен рок се пријавени 2011 ученици, соопшти Државниот испитен центар.

Согласно Концепцијата за матура и за завршен испит во средното образование со четиригодишно траење во Република Македонија учениците екстерно треба да имаат положено 3 предмети. Задолжителен за сите е мајчиниот јазик.

Вчера се полагаше задолжителниот предмет, односно македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература. Македонски јазик и литература полагаа 280 кандидати, албански јазик и литература 370, а 43 ученик турски јазик и литература.

Денеска се полага странски јазик. Англиски јазик ќе полагаат 1.466 кандидати, a француски јазик и германски јазик по 7 кандидати.
На 16 август 56 кандидати ќе полагаат математика.

На 17 август ќе се полага: физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика. Бизнис ќе полагаат 219 кандидати, историја 210, биологија 77, филозофија 164, хемија 5, физика и естетика по 2.

Испитите ќе се реализираат на 18 локации во Република Македонија.

Испитниот материјал истиот ден кога се реализира испитот се носи во училиштата и се враќа во ДИЦ. Сите испити почнуваат во 10 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top