| четврток, 6 декември 2018 |

Во инцидентот во Прилеп се расчистувале сметки меѓу фудбалер и навивач

Prilep

Лична нетрпеливост била причина за инцидентот што се случи во вторникот вечерта во Прилеп во болницата, јави Макфакс.

Еден од нападнатите во тепачката, Александар Стојанов од Струмица се јави во редакцијата на Макфакс за да раскаже што точно се случило и дека за среќа тој се извлекол од нападот без повреди.

Стојанов бил фудбалер во прилепскиот фудбалски клуб Корзо, кој игра во втора лига, а во Прилеп живеел и претходно додека играл за фудбалскиот клуб Победа.

Вечерта, додека седел во кафеана дошле 15-тина лица, меѓу кои и навивач на Победа, подготвени за тепачка, но Стојанов успеал да им избега.

За да го пријави случајот во полиција му требало лекарски извештај, па отишле во болница, заедно со сопственикот на клубот Корзо. Додека Стојанов и газдата на клубот биле во болница, се случил друг инцидент во кафеаната, Стојанов викнал други лица за да се пресметаат со оние кои се обиделе да го нападнат.

 

Но, после тепачката во кафеаната, навивачот заедно со неговата група отишле во болницата во Прилеп за да ги дорасчистат сметките.

 

Стојанов повторно се извлекол, додека сопственикот на клубот бил расечен со нож во пределот на лицето.

 

Фудбалерот, иако порано бил во добри односи со навивачот сепак, пред извесно време нивните односи се заладиле и воопшто не контактирале

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top