| четврток, 6 декември 2018 |

Подметнала пожар во погон за производство на чевли

Г.Р.(21) од село Умлена, Пехчевско, од беровската полиција доби кривична пријава за предизвикување општа опасност, односно подметнување пожар.

Пријавената на 7 август, незабележана влегла во објектот на старата гимназија во Берово во кој е сместен погон за производство на чевли на фирмата АД „Баргала“ Штип, и во подрумот со употреба на подесен алат и запаливо средство предизвикала пожар кој што неконтролирано и стихијно почнал да се шири.

Била предизвикана значителна опасност за животите на луѓето кои биле ангажирани за работа од страна на наведената фирма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top